ЕУРО 2020

Португалија со победа тргна во одбрана на титулата, Роналдо најдобар стрелец на Европските првенства

16.06.2021 11:55

Роналдо со натпреварот против Унгарија собори мноштво рекорди, станувајќи, притоа, првиот фудбалер во историјата со настап на пет Европски првенства и најдобар стрелец во историјата на континенталните собори...

Актуелниот европски првак Португалија ја совлада Унгарија со 3:0 (0:0) во воведниот натпревар од групата Ф на ЕУРО2020.

Унгарците, кои до самиот финиш на натпреварот во Будимпешта одолеваа на нападите на Португалците, потклекнаа во 85 минута кога Рафаел Гуереро им донесе водство на европските прваци по што на сцена стапи Кристијано Роналдо со два гола, најпрво во 87 минута од пенал, а победата ја запечати со својот втор гол во судиското продолжение.

Роналдо со натпреварот против Унгарија собори мноштво рекорди, станувајќи, притоа, првиот фудбалер во историјата со настап на пет Европски првенства и најдобар стрелец во историјата на континенталните собори со 11 голови.