ЕУ ќе ги олесни ограничувањата за патувања од осум земји, меѓу кои е и Македонија
Патниците од САД, Албанија, Хонг Конг, Либан, Макао, Македонија, Србија и Тајван треба полесно да влегуваат во Унијата, соопштуваат од португалското претседателство со ЕУ.
Европската унија треба постепено да ги олесни корона ограничувањата за влез за патниците од САД и седум други земји по договорот од средата меѓу 27-те земји-членки, јави германската агенција ДПА.
Патниците од САД, Албанија, Хонг Конг, Либан, Макао, Македонија, Србија и Тајван треба полесно да влегуваат во Унијата, соопштуваат од португалското претседателство со ЕУ.
Останува на секоја земја-членка на ЕУ да одлучи точно кои барања им ги наметнува на патниците. Исто така, нејасно е кога точно ќе се спроведат новите аранжмани за патувања.
Одлуката треба и официјално да биде усвоена до крајот на неделава.
