КОВИД-19

„Спутник“ е поефикасна против индискиот сој на коронавирусот

16.06.2021 12:40

Производот со делотворност од над 90% се употребува во 60 земји, но сѐ уште чека одобрување од Европската агенција за лекови.

Руската вакцина „Спутник“ е поефикасна од другите вакцини против индискиот вид на коронавирусот, тврди Рускиот инвестициски фонд.

Производот со делотворност од над 90% се употребува во 60 земји, но сѐ уште чека одобрување од Европската агенција за лекови.

Русија ја регистрираше лани првата вакцина против Ковид-19.