Средби со бугарските власти

Заев: Не разговараме за идентитетот и јазикот, туку за португалскиот предлог

16.06.2021 13:29

Последни обиди за наоѓање решенија за отворените прашања со Бугарија и за деблокада на нашата евроинтеграција. Македонскиот премиер не е оптимист дека официјална Софија ќе го тргне ветото на 22-ри јуни...

Премиерот Заев, придружуван од вицепремиерот Димитров и министерот за надворешни Османи утре во Софија на средби со бугарските власти. Последни обиди за наоѓање решенија за отворените прашања со Бугарија и за деблокада на нашата евроинтеграција. Македонскиот премиер не е оптимист дека официјална Софија ќе го тргне ветото на 22-ри јуни.

За македонскиот јазик и идентитет не разговараме и воопшто не е на маса. Разговараме за португалскиот предлог којшто доаѓа од Португалија како претседавач со Европскиот совет што апсолутно води грижа за нашиот македонски јазик и македонски идентитет и истовремено води грижа и за бугарските позиции, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање пред утрешната посета на Софија.

Според македонскиот премиер, португалскиот предлог е навистина инвентивно и креативно решение за кое што вреди да се потрудиме.

Притоа работните групи имаат соодветно постигање на патната карта на која што е утврдена секторската соработка на сите нивоа со конкретни пет месеци, три месеци, шест месеци, година дена континуирано или слично и со интензитетот на закажување на историската комисија. Тоа се сериозни успеси коишто досега се постигнати. И јас верувам дека треба да им дадеме шанса на конечно изнаоѓање на решение, рече Заев.