ВМРО-ДПМНЕ со нова политичка стратегија
16-ти јуни е вистинската најава за пресврт, за еден голем новитет во пресрет на одбележување на формирањето на нашата партија, велат од ВМРО- ДПМНЕ.

Во предвечерјето на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ, се најавува дека лидерот на партијата Мицкоски вечер во Охрид ќе промовира нова политичка стратегија. 16-ти јуни е вистинската најава за пресврт, за еден голем новитет во пресрет на одбележување на формирањето на нашата партија, велат од ВМРО- ДПМНЕ.
„Понудата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде антипод на поразите, на неуспесите и на бесперспективноста со оваа власт која што ја води Заев. Ќе понудиме визија за економски напредна Македонија со целосна заштита на општествените, националните и државните интереси. Македонија има сила и волја да се спротивстави на сиромаштијата, има сила и волја да се спротивстави и на мафијата која владее со Македонија“, изјави денеска пратеникот Миле Лефков.
Доста му е на народот да гледа како од ден на ден осиромашува, додека кликата на власт околу Заев се богати. Доста му се на народот четири изгубени години со Заев. Македонија има и капацитет и способност да се спротивстави на тонењето и на понижувањето, да се исправи и да тргне напред- велат од опозициската партија.
