Изградба на фотонапонска електрана во Осломеј, инвестиција од 70 милиони евра
Во Владата потпишани договорите за изградба на фотонапонска електрана во Осломеј од 100 мегавати. АД ЕСМ ќе биде јавниот партнер со турската компанија Фортис енерџи електрик и бугарската Солар Про. Годишната заработувачка на државата би била околу 1,5 милион евра.

Потпишани договорите за фотонапонска електрана во Осломеј од 100 мегавати. Вредноста на инвестицијата е 70 милиони евра. АД ЕСМ ќе биде јавен партнер со турска и бугарска компанија. Се очекува електраната да стане функционална до крајот на годината.
Заработката на државата ќе биде до 1,5 милиони евра годишно. Приватните инвеститори имаат обврска да преземат и 100 вработени од Осломеј.
Според премиерот Заев, зелената енергија е меѓу приоритетите. Лани производството на енергија од обновливи извори е зголемено на 800 мегавати што претставува раст од 10 насто.
Сунчица Николоска
