Паѓа бројот на заболени од туберкулоза во Македонија
24.03.2014 13:51
Веќе три години Македонија е меѓу земјите со ниска стапка на регистрирани случаи...

Се намалува бројот на заболени од туберкулоза. 323 нови случаи се откриени во 2013- та година.
Веќе три години Македонија е меѓу земјите со ниска стапка на регистрирани случаи. Се применуваат најновите стандарди за дијагностицирање, лекување и превенирање на ова сериозно заболување.
Од друга страна, во светот 350.000 нови случаи на туберкулоза и 3.500 смртни случаи се регистрирани во 2012-та година.
