Филм

Краткиот филм „Северен пол“ во официјална селекција на Канскиот фестивал

16.06.2021 15:19

Краткиот игран филм „Северен пол“ на Марија Апчевска-Петровска во продукција на Кино око, поддржан од Агенцијата за филм, е во официјалната селекција на Канскиот филмски фестивал. Историски успех за македонската кинематографија. Филмот е копродукција помеѓу Македонија, Србија и Унгарија...

Ова е историски успех за македонската кинематографија и за Кино Око. Прв пат македонски филм е селектиран на најпрестижниот филмски фестивал во светот. „Северен пол“ е еден од десетте избрани меѓу речиси четири илјади пријавени филмови. Авторката Апчевска- Петровска вели дека исклучителна е честа да се биде дел од овој врвен светски филмски фестивал.

Филмот е сниман на филмска лента на локации во Скопје и во Македонска Каменица. Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски. Продуцентот Насков вели дека ова е уште еден голем успех во низата успеси на оваа генерација македонски филмаџии.

Препознатливоста на македонскиот филм и авторите е потврда за нивната автентичност во изразувањето на филмското платно, оценија во Агенцијата за филм.


Александра Спировска