Њујорк го губи чекорот со Атланта
Бруклин славеа на враќањето на Кид во Далас, Лејкерс ја прекинаа низата од 4 порази и се радуваа против Орландо.

Џек постигна 31 поен од кои 23 во второто полувреме по лекцијата на однесување што тренерот Мајк Браун им ја одржа на кошаркарите на Кливленд, патем имаше и 10 асистенции, 5 скокови и 1 блокада, во триумфот кај Њујорк со 100:106. Кавалирс ја прекинаа серијата од 4 средби без победа сезонава и воедно серијата од 5 порази во Медисон Сквер Гарден.
Кармело Ентони беше број 1 кај домашната екипа, но во последниот период ги промаши сите 5 обиди. Учинокот на Ентони беше 32 поена, со 8 скока, 2 асистенции и 2 блокади. Никс сега се на -3 победи од Атланта, во битката за последната плеј оф позиција на Истокот.
Бруклин победи на гостувањето во Далас, а тренерот на победничката екипа Џејсон Кид доби цел сад со мраз и студена вода врз главата, во чест на неговото враќање на паркоетот на кој што ја освои титулата како кошаркар (2011) и воедно како подарок за неговиот 41 роденден.
Џонсон постигна 22 поена, меѓу кои и решавачкото положување со кое што Нетс изборија продолжение, а потоа и славеа со 104:107. Торнтон постигна 11 во последниот период од неговите вкупно 20 поени, со што Нетс ја продолжија серијата на 4 победи. Монта Елис го предводеше Далас со 32 поена, а Дирк Новицки имаше само 10 со удар од поле 2/12.
Хил имаше личен рекорд од 28 поени во победата на Лејкерс против Орландо, со 103:94. Ова беше 9 пораз во низа за Меџик, а тимот од ЛА ја прекина серијата од 4 порази.
