Заев: Ако сега не постигнеме решение, да направиме чекор напред за следниот пат да успееме
Два пријателски и братски народи секогаш мора да разговараат и да бараат решение, изјави премиерот Зоран Заев, на почетокот на посетата на Софија. Ние мора да ја поддржиме целокупната иднина на Балканот, а таа е во Европската унија, истакна Заев.

Два пријателски и братски народи секогаш мора да разговараат и да бараат решение, изјави премиерот Зоран Заев, на почетокот на посетата на Софија. Ние мора да ја поддржиме целокупната иднина на Балканот, а таа е во Европската унија, истакна Заев.
„Решението е некаде тука околу нас. Треба да го најдеме. Секогаш се надевам разговорите да се успешни, но и да не успееме овој пат, да направиме чекор напред и да се надеваме дека следниот пат ќе успееме“, изјави Заев.
Претседателот на владата ги почна активностите со средба со поранешниот премиер Бојко Борисов. На средбата беше изразена желбата, врз основа на претходните позитивни искуства од подготовката и потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство, со нова динамика да продолжи поддршката на евроинтегративните процеси на Северна Македонија и на Западен Балкан.
За време на разговорот беше речено дека службената влада на Бугарија ги има целата надлежност и уставна можност да решава актуелни отворени прашања.
Тој додаде дека Софија има особено значење за македонската интеграција, бидејќи токму тука беа поставени контурите на Договорот од Преспа за време на ЕУ самитот за Западен Балкан во 2018 година, и дека заедничките искуства од непосредното минато и сега, треба да бидат поттик и начин на изнаоѓање решенија за актуелната ситуација меѓу двете земји.
Во владината делегација се и вицепремиерот Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи. На агендата се средби со претседателот на Бугарија, Румен Радев, со премиерот Стефан Јанев, како и со претставници на поголемите политички партии.
