Ковид-19
ЕМА: Одобрението за „Спутник В“ во септември
17.06.2021 10:41
Претходно се очекуваше ЕМА до крајот на мај или во јуни да ја заврши ревизијата на руската вакцина.

Се одложува одобрувањето за вакцината „Спутник В“ во Европската унија бидејќи е пробиен рокот за доставување дополнителни податоци, соопштија за британските медиуми две лица запознаени со случајот.
Со тоа се намалуваат шансите ЕУ да се бори против пандемијата на коронавирусот. Претходно се очекуваше ЕМА до крајот на мај или во јуни да ја заврши ревизијата на руската вакцина.
Производителот, рускиот институт „Гамалеја“, наводно соопштил дека документацијата ќе ја испрати следната недела или најдоцна до крајот на месецот.
