Транспаренси интернешнл

Пандемијата ја зголеми корупцијата во ЕУ

17.06.2021 11:09

Некои влади ја искористиле кризата во своја полза, се наведува во извештајот на Транспаренси Интернешнл.

Пандемијата ја зголеми корупцијата низ Европската унија, чии граѓани повремено морале да бараат лични врски за да добијат здравствена заштита. Некои влади ја искористиле кризата во своја полза, се наведува во извештајот на Транспаренси Интернешнл.

Истражувањето, во кое учествуваа повеќе од 40.000 луѓе во 27 земји- членки на ЕУ од октомври до декември 2020 година, покажа дека 29 насто од луѓето се потпираат на услуги или пријатели и семејство со добри врски за пристап до јавниот здравствен сектор.