Украина

Зеленски: Ако западот не остави, ќе создадеме моќна армија

17.06.2021 11:43

Руските медиуми наведуваат дека тоа е одговор на прашањето што може да се стори за да се принуди западот да ѝ помогне на Украина да ги врати териториите што сега не се под нејзина контрола.

Украина ќе биде принудена да ја создаде најмоќната армија во Европа доколку западот го напушти Киев сам да ги решава прашањата поврзани со ситуацијата во Донбас, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Руските медиуми наведуваат дека тоа е одговор на прашањето што може да се стори за да се принуди западот да ѝ помогне на Украина да ги врати териториите што сега не се под нејзина контрола.

Украинскиот претседател повтори дека проблемот во источна Украина е „проблем на цела Европа“.