Во ковид- центрите во Скопје и во земјава за 24 часа хоспитализирани 10 пациенти

17.06.2021 11:53

Во Скопје е примен еден пациенти и 9 во болниците низ земјава. Вкупно 90 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија и тоа 26 во Скопје и 64 во ковид центрите во земјава.

Во изминатите 24 часа во ковид- центрите во Скопје и во земјава има хоспитализирано 10 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Во Скопје е примен еден пациенти и 9 во болниците низ земјава. Вкупно 90 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија и тоа 26 во Скопје и 64 во ковид центрите во земјава- соопштуваат од Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 22 оздравени пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 9 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 17 пациенти.

Вкупно 64 пациенти се хоспитализирани во ковид центрите во болницитево Битола, Штип, Тетово, Велес, Куманово, Охрид, Прилеп, Гостивар, Струга, Струмица и Кичево.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички  места до кои има довод на кислород.

Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.