Во јули стартува снимањето на новиот филм „Кајмак“ на Манчевски
„Кајмак“ ќе се снима на повеќе локации во Скопје и неколку околни села. Филмот е европска копродукција, поддржан од Агенцијата за филм и од филмските фондови на Данска, Холандија, Хрватска и Бугарија, во копродукција со Македонската радио- телевизија.

По меѓународниот успех на „Врба“, Милчо Манчевски почнува да работи на ново филмско остварување. На 6-ти јули стартува снимањето на „Кајмак“, филм за животот на две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Манчевски, кој е режисер и сценарист, филмот го опишува како црна комедија или среќна трагедија, безмилосна критика на лицемерието и малограѓанштината.
„Кајмак“ ќе се снима на повеќе локации во Скопје и неколку околни села. Филмот е европска копродукција, поддржан од Агенцијата за филм и од филмските фондови на Данска, Холандија, Хрватска и Бугарија, во копродукција со Македонската радиотелевизија.
Над 20 актери ќе играат во филмот, меѓу нив Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Ана Стојановска, Симона Спировска, Петар Мирчевски.
Екипата која ќе работи на филмот доби и поддршка од европскиот фонд „Еуримаж“.
Викторија Милевска
