Денеска пресуда за случајот „Тортура“

17.06.2021 12:44

Предметот го отвори поранешното СЈО, а се однесува на начинот на кој што беше уапсен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, на 6-ти јуни 2011-та, ден по парламентарните избори.

Во Кривичниот суд Скопје денеска пресуда за случајот „Тортура“. Првообвинет е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и шест припадници на полициската единицата „Алфи“.

Предметот го отвори поранешното СЈО, а се однесува на начинот на кој што беше уапсен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, на 6-ти јуни 2011-та, ден по парламентарните избори.

Случајот за овој предмет го води судијката Александра Ристовска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Љубомир Лапе.