Студенти ќе изрботуваат бизнис планови со мерки за енергетска ефикасност
Најдобрите ке добијат парични награди, првата е вредна пет илјади евра...
Студентите од економските и техничките факултети кои ќе изработат бизнис план со идеи за искористување на мерките за енергетска ефикасност ќе се натпреваруваат на конкурс во организација на ЕВН и Министерството за економија. Најдобрите ке добијат парични награди, првата е вредна пет илјади евра.
За реализација на натпреварот за најдобар бизнис план, се вклучија тимот на Енергетска азбука и студентските организации IASTE и AIESEC кои ќе дадат техничка и логистичка поддршка за реализација на овој проект.
„Денеска во рамките на Платформата за енергетска ефикасност промовираме концепт во кој ги вклучуваме студентите кои треба да изработат бизнис план за проект за енергетска ефикасност. Целта ни е да добиеме нови идеи од страна на студентите како подобро да се искористат мерките за енергетска ефикансонст“, рече министерот за економија Ваљон Сарачини на денешната прес-конференција.
Во моментов, како што нагласи Сарачини, на македонските компании им се достапни и 75 милиони евра од кредитната линија на ЕБРД наменета за подобрување на енергетската ефикасност во Западен Балкан.
Конкурсот за изработка на најдобар бизнис план за енергетска ефикасност што е објавен на интернет странцата www.energetskaazbuka.mk.
