Кривичен суд

Одложена пресудата за предметот „Тортура“

17.06.2021 15:10

Случај „Тортура“, во врска со приведувањето на Љубе Бошковски, на 4 јуни 2011 година, беше отворен од поранешното СЈО. Првообвинет во овој случај е екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков и шест припадници на единицата „Алфи“.

Судијката Александра Ристовска, која го води судењето за предметот „Тортура“ не донесе пресуда. Ќе се преотвори јавната расправа за да се утврди кој од обвинетите, какви дејствија презел при апсењето на Љубе Бошкоски пред еден скопски рестиран, пред 10 години. Обвинителството треба да достави дополнителни докази.

Обвинителот вели дека е затекнат од одлука на судот, бидејќи очекувал осудителна пресуда.  Адвокатите, пак, очекуваат ослободителна пресуда за „Тортура“. Фактите не се утврдени на начин на кој што недвосмислено судот би донел законита и правична одлука, објасни адвокатот Шврговски.

Случајот „Тортура“ за приведувањето на Љубе Бошкоски во 2011-та година, беше отворен од поранешното СЈО. Првообвинет во овој случај е екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков со шест припадници на единицата „Алфи“.

 

Игор Панов