Македонија

Пандемијата ја продлабочи нееднаквоста на лицата со попреченост

17.06.2021 14:49

Во пандемијата овие лица се соочиле со зголемување на трошоците за хиенски средства и лекови, имале проблем да ја набават терапијата од странство поради затворање на границите. Не можеле да се прилагодат и на учењето на далечина.

Пандемијата ја продлабочи нееднаквоста на лицата со попреченост. Ги исфрли на површина проблемите со кои секојдневно се соочуваат и тие и лицата кои се грижат за нив. Државата сѐ уште заостанува во исполнување на обврските од конвенцијата за правата на лицата со попреченост.

Во пандемијата овие лица се соочиле со зголемување на трошоците за хиенски средства и лекови, имале проблем да ја набават терапијата од странство поради затворање на границите. Не можеле да се прилагодат и на учењето на далечина.

Истражувањето покажало дека мерките за спречување на ширењето на Ковид-19 речиси и да не ги земале предвид лицата со попреченост. Се соочиле со откази, намалени примања. Министерката за труд и социјална политика го тврди спротивното.

За да се намали штетата од пандемијата треба итно да се делува - е заклучокот на истражувањето Хелсиншкиот комитет. Во земјава нема регистрар колку лица живеат со одредена попреченост, но според проценките на СЗО, околу 15 проценти од светската популација се соочува со некаков вид на попреченост.

Андријана Атанасовска