НБА Лига
Перо Антиќ го обои во жолто-црвено „Ер Канада“ центарот
24.03.2014 14:25
Македонскиот кошаркарски амбасадор Перо Антиќ...

Македонскиот кошаркарски амбасадор Перо Антиќ собра двесте Македонци во Торонто „Ер Канада“ центарот во Торонто кои му приредија домаќинско добредојде.
Првиот Македонец во НБА лигата ја почувствува подршката од нашинците кои во полна навивачка опрема со национални бои,обележја и реквизити го поздравија и му се израдуваа на нашиот интернационалец. Атланта загуби од Торонто со 96-86 а Антиќ уфрли 4 поени со 10 скока.
