Донација за болницата во Кичево

17.06.2021 21:52

Здравствениот дом и Општата болница во Кичево добија донација во медицинска опрема од компанијата Пуцко петрол. Донацијата се состои од заштитни ракавици, пакети со средства за дезинфекција, болнички мантили, постелнина.

Здравствениот дом и Општата болница во Кичево добија донација во медицинска опрема од компанијата Пуцко петрол.

„Сакаме да им дадеме поддршка на нашите херои кои изминатиот период деноноќно се грижеа за нашето здравје. Свесни сме за улогата што како една голема компанија ја имаме кон заедницата во која работиме и затоа грижата за општеството е секогаш во фокусот на нашето делување. Истото сме го демонстрирале преку различни хумани активности, кампањи и донации кои се секогаш наш одговор онаму каде помошта е најпотребна. Пациентите заслужуваат квалитетна услуга во здравствените установи и затоа нивната состојба треба да биде сечија грижа и можност за помош“, велат од Пуцко петрол.

Донацијата се состои од заштитни ракавици, пакети со средства за дезинфекција, болнички мантили, постелнина.