Политика
Премиерот Заев на Самит за Западен Балкан во Виена
18.06.2021 10:16
Премиерот Заев, придружуван и од вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, ќе има и билатерална средба со австрискиот канцелар Себастијан Курц...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска ќе учествува на Самитот за Западен Балкан што се одржува во Виена, соопшти владината прес-служба.
Премиерот Заев, придружуван и од вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, ќе има и билатерална средба со австрискиот канцелар Себастијан Курц, кој е иницијатор и домаќин на Самитот.
