НБА Лига

Атланта загуби од Торонто, но останува во преден план за плеј оф позицијата

24.03.2014 14:30

Нашиот интернационалец имаше 10 скокови, 4 поени и 3 асистенции, за 26 минути на паркетот. Иако претрпе пораз, екипата на Перо Антиќ по триумфот на Кливленд кај Њујорк, останува на +3 во однос на Никс во битката за 8 позиција на Истокот, што е последна за пласман во доигрувањето.

Хокс сезонава редовно имаат проблеми со резлизацијата во последниот период, а овој пат против Торонто немаа среќа и загубија со 96:86 на гостувањето во Канада. Керол и Милсап постигнаа по 17 поени, во вториот пораз во низа, по 5 победи колку што имаше тимот на Хокс по враќањето на Перо Антиќ. Тиг реализира 16 поени.

Лоури имаше 25 поени, ДеРозан постигна 21, Валанчиунас постигна 13 со исто толку реализирани скокови со што Репторс ја надополнина негативата од 14 поени во последниот период и стигнаа до победа против Атланта. Овој пораз на Атланта потсети на претходниот, дебаклот на домашен терен од Пеликанс (105:111), кога гостите им уфрлија 42 поена во последната четвртина на Антиќ и соиграчите. Ова беше најголемото враќање на Репторс сезонава.