Трета премиера на Битолскиот театар

18.06.2021 12:45

Премиерно на сцената на Битолскиот народен театар „History of matherfuckers“ во режија на српскиот режисер Андраш Урбан. Претставата е работена според „Кориолан“ на Шекспир и авторски текстови на Ведрана Божиновиќ.

Познатиот српски режисер Андраш Урбан со трет театарски проект на битолската сцена. Овојпат ја поставува претставата работена според „Кориолан“ на Шекспир и авторски текстови на Ведрана Божиновиќ. Шекспирово дело кое говори за превртливоста и лицемерието суровата реалност што многу одамна ја запознавме и ја живееме на Балканот, а во последно време се чувствува и во Европа.

„Кориолан е претстава која поставена од римско време и во себе го носи судирот помеѓу автократското и демократското. Во самата претстава провејува односот кон демократијата“, изјави режисерот Урбан.

Ова е третата премиера во пандемскиов периот. Претставата е прилогадена на таквите услови и настапуваат пет актери.

Раководството на оваа театарска куќа веќе најави дека со оваа претстава на 16-ти јули ќе настапи на Охридско лето, а две недели порано таа ќе биде нивни репрезент на Шекспир фестивалот во Србија.

Стевче Митревски