Прилеп: Водоснабдувањето стабилно, системот ќе се обновува
Прилепчани немаат проблем со водоснабдувањето, водата што ја добиваат од четирите осовни изворишта и од „Студенчица“ не само што е доволна, туку е и исправна за пиење. Треба да се решат проблемот со изворот „Леково“ во чија близина има ископ на мермер и да се обнови цевководот, за што има пари...

Прилепчани пијат здрава и исправна вода и нема проблеми со водоснабдувањето. Дарежливоста на „Студенчица“ на прагот на летото е повеќе од доволна, околу 2.000 литри вода во секунда, но мора да се води сметка за четирите извори од кои градот се напојувал и пред изградбата на Регионалниот систем.
Реакциите на дел жители дека еден од изворите- „Леково“, е заматен со мермерска прашина од блискиот концесионер, се на чекање. Водата до градот се хлорира, исправна е, нема инспекциски увид, но сите се надеваат дека решението ќе стигне до година кога истекува договорот на концесионерот.
За стабилното водоснабдување ќе се обнови ценководот од изворите до збирната станица. Со 40,5 милиона денари, пари од ТАВ програмата, ќе се стабилизира системот.
Прилеп е уверен дека ќе има мирно лето и стабилна есен со водоснабдувањето.
Елизабета Митреска
