Виена

Заев: 2021-ва да биде година за паметење, Западен Балкан е нераскинлив дел од ЕУ

18.06.2021 15:19

„2021-ва да биде година за паметење, година во која ќе биде направен исчекор напред бидејќи Западен Балкан е нераскинлив дел од Европската унија“ - порака од премиерот Заев на самит во Виена. Вели дека постои политичка поддршка за проширување која му ја потврдиле повеќемина европски лидери. Уверен е дека недоразбирањата со Бугарија може да се надминат...

Европските перспективи мора да го победат евроскептицизмот- истакна премиерот Заев на Самитот за Западен Балкан во Виена. Тој ја потенцираше стратешката определба на Владата и посочи дека повеќе од јасно е оти евроинтеграциите не се трка на кратки патеки, туку маратон со крајна цел- европеизирање на нашата земја, а мандатот добиен од граѓаните ја вклучува и таа цел и додека не ја постигнеме, нема да запреме. Затоа бараме- исткна Заев, Европската Унија да ја испорача својата фундаментална обврска и да ги препознае и чува како непроценливо богатство историските и идентитетските разлки на нациите на европскиот континент.

„Секој разговор за иднината на Европа без автентичното место на Западен Балкан кој е природно составен дел на Европа е бесмислено. Затоа да ја направиме заедно 2021-ва, година за паментење и одобрување на почеток за преговори на Македонија и Албанија“, изјави премиерот Заев.

Западен Балкан е преморен од историските преврирања- оцени Заев , и додаде дека новата генерација на политичари треба да се осврнат кон иднината. Во таа насока, тој потсети дека реформите кои ги спроведува Владата дале позитивен резултат, а како крунски доказ за посветноста во исполнувањето на стратешката цел е Преспанскиот договор кој доведе до членство во НАТО.

„Преку договорот со Грција покажвме дека е возможно и од процес на недоразбирање да излеземе како посилни пријатели. Верувам дека тоа е возможно и со Бугарија“, нагласи Заев.

По средбите со државниот врв во Софија, премирот со став дека Македонско- бугарскиот договор е повторно на сила. „Верувам дека низ овој процес Западен Балкан, на Европа ќе донесе нова позитивна вест, и затоа барам подршка од сите“, изјави премиерот на завршната конференција во Виена.

 

Марина Стојанова- Тонева