19 нови случаи со Ковид-19, двајца починати
Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.612, бројката на оздравени пациенти е 149.722, на починати е 5.474, а бројот на активни случаи изнесува 416.

Во последните 24 часа се направени 3.680 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 7, Куманово – 4, Крива Паланка – 3, Прилеп, Охрид, Струмица, Тетово и Кичево – по 1. Регистрирани се 14 оздравени пациенти од: Скопје – 6, Куманово -5, Тетово – 2 и Кичево – 1.
Регистрирани се две починати лица: од Скопје (80г) и Куманово (73г). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.612, бројката на оздравени пациенти е 149.722, на починати е 5.474, а бројот на активни случаи изнесува 416.
Досега во земјата се направени вкупно 848.334 тестирања на Ковид-19.
