Утре започнува „Саем на мебел 2014“, најавен рекорден број на учесници
Според организаторите за 20 проценти е зголемен бројот на домашни компании, трговци и производители на мебел...

Јубилејниот 40-ти по ред Меѓународен саем на мебел стартува утре и ќе трае до 30- ти март. На истиот најавени се рекорден број учесници од земјава, што покажува дека индустријата за мебел годинава бележи пораст.
Според организаторите за 20 проценти е зголемен бројот на домашни компании, трговци и производители на мебел. Вкупно 180 домашни и странски компании и 430 претставници на брендови ќе ги презентираат своите производи во 10 хали.
Саемот ќе понуди интересни и оригинални ентериерни уредувања кои покрај мебел за домот, го трасираат трендот за модерни кујни, елегантни бањи, осветлување, подови и ѕидни декорации, за канцелариски мебел, но и за уредување градини, а ќе понуди и најнови технички и технолошки достигнувања на репроматеријали, машини и опрема за преработка на дрва.
