Стресот и пандемијата го нарушија детскиот говор

20.06.2021 15:33

Логопедите имаат полни раце работа. Стресот од пандемијата отвори проблеми во говорот кај децата, а старо-новиот проблем со мобилните уште од најрана возраст направи логопедите да создадат ново име за проблемот кој бара итно и институционално решавање - „екранизацијата“...

Стресот од пандемијата создаде алармантен проблем кај најмладите. Логопедите забележаа пелтечење кај децата од четири до пет-годишна возраст. Бројот е голем, бара што поитно решавање.  Најмногу, зашто проблемите со говорот се тесно поврзани со емоционалната состојба кај најмилите и најранливите.

Ако на ова се додаде проблемот што последниве години тлее, за решение треба да се зафатат не само родителите, туку и институциите. Стручњаците му дадода нов назив - екранизација. Родителите несвесно си го купуваат мирот со мобилните, таблетите, телевизорите.

Родителите се согласуваат и упатуваат на решение: повеќе внимание за децата.

 

Елизабета Митреска