Верниците го слават Духовден
Верниците го одбележуваат празникот Педесетница, односно слегувањето на Светиот дух. Духовден спаѓа меѓу поголемите господови празници. На овој празник не се оди на гробишта, туку се посетуваат светите храмови. Овој ден се смета и за роденден на христијанската црква.

Православните христијани го празнуваат Духовден, односно слегувањето на Светиот дух на аспостолите Света Троица. Овој празник секогаш се одбележува 50 дена по Велигден, а се смета и за роденден на христијанската црква. Голем број верници од Куманово утринава ја посетија црквата Света Троица. По литургијата тие добија и листови од орев кои симболично го претставуваат пламенот со кој Светиот дух ги просветлил апостолите.
„За многу години нека е празникот голем и денеска и утре. Многу убава литургија, редовно ги посетувам кога сум слободна, кога се големи празници“- вели еден повозрасна кумановка.
„Се помоливме за сите, семејството, традиционално посетува“-дополни друга.
„Се помоливме за здравје за нас и за нашите домашни“- нагласи трета.
Педесетница е еден од најсветлите празници во христијанството и се слави три дена.
„Педесетница или денот на слегнувањето на светиот дух е почеток и роденден на нашата света црвква и од тогаш започнува делото на спасениот на апостолите кои се епископи, владици кои се корен на оние кои денеска ги имаме и свештениците и останатите во православната црква“, вело отец Игор Здравковски, од Кумановско-осоговска епархија.
Според обичаите не овој ден не се оди на гробишта, туку се посетуваат светите храмови.
Елена Георгиевска
