Регионалните избори - фијаско за Макрон и Ле Пен
Регионалните избори кои се сметаат за тест пред претседателските идната година, минаа со рекордно ниска излезност. Според центристите од „Република во движење“, високата стапка на незаинтересираноста кај населението е удар врз демократијата.

Регионалните избори во Франција – фијаско за францускиот претседател Емануел Макрон и лидерката на крајните десничари Марин ле Пен, кои очекуваа поголема поддршка.
Со нешто помалку од 30% освоени гласови, на прво место се конзервативците од партијата „Републиканци“. Десничарите на Националниот собир добиле поддршка од 19% од гласачите, а Републиката во движење – над 10%, доволни да се пласира во вториот круг идната недела.
Регионалните избори кои се сметаат за тест пред претседателските идната година, минаа со рекордно ниска излезност. Според центристите од „Република во движење“, високата стапка на незаинтересираноста кај населението е удар врз демократијата.
За десничарите од Националниот сојуз, апстиненцијата од гласањето која се проценува на рекордни 66% е „граѓанска катасрофа“.
