Бенет до Хамас: Нема да толерираме насилство и повремен оган
„Непријателот мора да ги разбере правилата, нема да толерираме насилство или повремен оган“, нагласи тој, алудирајќи на регионите во близина на Појасот Газа кои се први на нишан на прекуграничните напади од ова движење.

Новиот израелски премиер Нафтали Бенет со предупредување до палестински Хамас. „Непријателот мора да ги разбере правилата, нема да толерираме насилство или повремен оган“, нагласи тој, алудирајќи на регионите во близина на Појасот Газа кои се први на нишан на прекуграничните напади од ова движење.
И двете страни не го почитуваат прекинот на огнот со кој се стави крај на 11-дневната војна минатиот месец.
Израелските борбени авиони повторно нападнаа цели на Хамас откако Палестинците три дена по ред праќаа запалливи балони кон југот на еврејската држава.
