Да се интензивира соработката со француските компании

24.03.2014 14:57

Француска компанија од автомобилскиот сектор како потенцијален инвеститор неколку години го скенира пазарот...

Има можности за проширување на економската соработка  меѓу Македонија и Франција. Француската амбасадорка  Лоренс Оер  вели дека креативните индустрии, земјоделството и сточарството се меѓу најпривлечните за француските бизнисмени. Француска компанија од автомобилскиот сектор како потенцијален инвеститор неколку години го скенира пазарот.

Според Оер, трговската размена може да биде надополнета и со текстилниот сектор, по којшто е препознатлива Македонија. Само во Штип има 80 текстилни претпријатија и увоз на полупроизводи и реекспорт на текстилни производи.

Домашните  бизнисмени се заинтересирани  да го прошират својот бизнис. Зголемувањето на извозот ќе го намали постојаниот дефицит од 2006 тата на македонска страна смета, Бранко Азески претседател на Стопанска комора на Македонија.

Директните странски инвестиции од Франција во Македонија во последните десет години изнесуваат околу 140 милиони евра.

Дијана Ценевска