Ерменија пред нова криза по вонредните парламентарни избори
Главниот опозициски сојуз ги отфрли резултатите поради наводен изборен фалсификат. Според прелиминарните резултати, партијата Граѓански договор на Пашинијан води со 55,6 проценти од гласовите, додека Алијансата на Ерменија на поранешниот претседател Роберт Кочаријан доби 20 проценти.

Ерменија пред нова политичката криза откако вршителот на должноста премиер, Никол Пашинијан, прогласи победа на предвремените избори.
Главниот опозициски сојуз ги отфрли резултатите поради наводен изборен фалсификат. Според прелиминарните резултати, партијата Граѓански договор на Пашинијан води со 55,6 проценти од гласовите, додека Алијансата на Ерменија на поранешниот претседател Роберт Кочаријан доби 20 проценти.
Предвремените избори беа распишани поради незадоволството на граѓаните по поразот во конфликтот со Азербејџан околу Нагорно Карабах.
