Сојуз на средношколци: Срамно е да се наплаќаат сведителства, особено во година со онлајн настава

21.06.2021 12:44

Од Сојузот на средношколци регираат што дел од училиштата го наплаќале издавањето свидетелства. Бараат да се објават извештаите на просветните инспектори кои училишта наплаќале за свидетелствата.

Свидетелства за успехот учениците ќе добијат до крајот на август- информираа од Бирото за развој на образованието. Тврдат дека нема проблеми со тендерската постапка, туку причината е пандемијата со Ковид-19.

Од Сојузот на средношколци регираат што дел од училиштата го наплаќале издавањето свидетелства. Бараат да се објават извештаите на просветните инспектори кои училишта наплаќале за свидетелствата.

Некои училишта прават бизнис од јавното образование кое според законот е бесплатно. Бараме ДПИ јавно да ги објави извештатите за направените инспекции во четирите училишта. Ги поздравивме инпекциите, но, не интересира методологијата на извештаите односно како дошле до овие заклучоци. ДПИ го контактиравме на 14 јуни, а се уште немаме одговор. Затоа сметаме дека извештатите по ова прашање треба да бидат јавни, рече новиот лидер на средношколскиот сојуз Лука Павиќевиќ на денешната прес-конференција што се одржа пред Министерството за образование и наука.

Се надеваме, додаде тој, дека во следните денови ќе ги добиеме извештаите и на електронската пошта на Сојузот на средношколци.

Денеска сакаме директно да им се обратиме на четирите училишта. Ние знаеме кои сте, вие самите знаете кои сте. Вратете ги парите кај учениците зошто само така може да го решите овој проблем. Срамно е да се наплаќаат сведителства кога било, но, особено во училишна година целосно одржана преку неквалитетна онлајн настава со професори кои беа слабо обучени или воопшто не беа, истакна тој.