Здравство
Се намалува бројот на заразени со Ковид-19
21.06.2021 11:34
Бројот на активни случаи падна под 300. Од почетокот на епидемијата, битката со вирусот ја загубиле 5.475 лица.

Веќе подолг период процентот на новозаразени од тестираните на дневно ниво е под 0,5 насто. Бројот на активни случаи падна под 300. Од почетокот на епидемијата, битката со вирусот ја загубиле 5.475 лица.
Македонија е втора во регионот по бројот на смртни случаи, поврзани со Ковид-19. Најголем број починати на 100 илјади жители се регистрирани во Босна и Херцеговина. Таму има 267 смртни случаи на сто илјади жители, а 263 во Македонија.
