Победа на десницата на регионалните избори во Франција, партијата на Макрон дожива дебакл
По првиот круг на регионалните избори во Франција, Граѓанскиот блок е убедливо најсилен. Победник, според неофицијалните резултати е конзервативната партија „Републиканци“ на екс-претседателот Никола Саркози. Партијата на Марин Ле Пен освои помалку гласови од очекуваните. Партијата на претседателот Макрон „Република во движење“, доживеа дебакл.

Резултатите од сите региони и департмани на национално ниво, се следниве: десницата излегува победник со помеѓу 27,2 и 29,3% од гласовите, социјалистите освојуваат помеѓу 16,5 и 17,6% од гласовите, Националниот собир РН помеѓу 19,1% и 19,3% и Републиката во марш околу 10-11% од гласовите. Анкетите ветија дека Националниот собир (РН) ќе излезе на врвот во 6 од 13 региони во Франција, Но тоа му успева само во еден, во Прованс-Алпи-Азурен Брег.
Кандидатот на десницата, поддржан од Републиката во Марш, Рено Музолие предупредува: Крајната десница сака да не подели и сонува да не скрши. Крајната десница ги разгорува нашите вистински проблеми, нашите секојдневни тешкотии, за повеќе да не раздели и спротистави, Никогаш нема да го жртвувам нашиот регион за нејзините амбиции.
Кандидатите од претседателското мнозинството од кои многу се министри, се надеваа дека ќе ја имаат одлучувачката улога, но тие не го поминуваат прагот од 10 отсто - минималниот праг што треба да им дозволи да се најдат во вториот круг, на 27 јуни, во 8 региони. И ова, без никаква реална способност да влијааат на исходот на изборите.
Десницата и левицата, во меѓувреме, ги одржуваат своите позиции. Освен во Прованс Алпи Азурен брег, сите претседатели на регионите во заминување се најдоа на првите позиции, а некои сонуваат да го нарушат дуелот најавен меѓу Емануел Макрон и Марин Ле Пен, во 2022 година, како Ксавие Бертран, веќе деклариран кандидат на Републиканците и претседател кој има шанси да биде реизбран во Горна Франција, и кој се покажува како шампион во борбата против Марин Ле Пен.
„Овде ние ги отстегнавме, ги отстегнавме за да ги скршиме вилиците на Националниот Фронт, нивната демагогија, стерилните предлози, нивната нетрпеливост, се што разделува и се што е Националниот Фронт“.
Сепак треба да се има трпеливост. За момент, главниот нарушувачки елемент на француската демократија останува „Абисалната“ неизлезеност. Со само 33,9% учество на гласачите, постигнат е неславен рекорд.
Идната недела по вториот круг на регионалните избори ситуацијата ќе биде уште почиста и ќе се расчистат перспективите за претседателските избори во 2022, на кои Емануел Макрон нема да има лесна работа како што му предвидуваа.
Тони Гламчевски, дописник од Франција за МРТ
