Потпишан договор за нови 100 милиони евра евтини кредити за мали и средни компании
Ова е поддршка за заздравување на економијата од ковид-кризата, што ќе значи нови вработувања и нови инвестиции- порака од првиот финансиер, Бесими.

Владата и Европската инвестициска банка потпишаа договор за финансирање на проекти на мали и средни претпријатија, вреден 100 милиони евра. Ова е поддршка за заздравување на економијата од ковид-кризата, што ќе значи нови вработувања и нови инвестиции- порака од првиот финансиер, Бесими.
„Се обезбедуваат 100 милиони евра поволни средства за малите и средни фирми во Република Северна Македонија, или една значајна ликвидносна поддршка за заздравување од ефектите од Квоид-19 пандемијата. За нашата економија, овие средства значат нови вработувања, нови инвестиции, а со тоа и придвижување на економската активност и забрзување на економскиот раст“, изјави Бесими.
Договорот е потврда на партнерството со Европската инвестициска банка, но и со стопанствениците- велат од владата. Условите под кои ќе се даваат кредитите до фирмите се исклучително поволни, со рок на отплата до 12 години и вклучен грејс-период од 2 години, зависно од тоа дали кредитите ќе бидат наменети за инвестиции или зголемување на потребите за обртни средства и по исклучително поволна повластена каматна стапка, која за првите транши би изнесувала до 1,6%.
