Три нови случаи со Ковид-19, двајца починати
Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.627, бројката на оздравени пациенти е 149.877, на починати е 5.477, а бројот на активни случаи изнесува 273.

Во последните 24 часа се направени 1.601 тестирања, а регистрирани се 3 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 3. Регистрирани се 15 оздравени пациенти од: Скопје – 6, Прилеп, Битола и Кичево – по 2, Тетово, Неготино и Виница – по 1.
Пријавени се две починати лица: од Скопје (76г) и Куманово (75г). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.627, бројката на оздравени пациенти е 149.877, на починати е 5.477, а бројот на активни случаи изнесува 273.
Досега во земјата се направени вкупно 856.274 тестирања на Ковид-19.
