Ковид-19

Вакцинација со втора доза на пунктовите во Велес

21.06.2021 14:39

На два пункта во Велес, лицата кои примиле прва доза, од денеска се вакцинираат со втората. На едниот, доаѓаат лицата до 70-годишна возраст, а во вториот, над 70. Засега нема боцкање против Ковид-19 по првпат...

Во Велес започна вакцинацијата со втората доза вакцини за заштита од Ковид-19. Се вакцинира на два пункта, тој во спортската сала на училиштето „Коле Неделковски“ и во Здравениот дом, каде ја примат лица над 75 годишна возраст.

Во вакциналниот пункт во салата на училиштето „Коле Неделковски“ се пушта кинеската вакцина „Синофарм“. Освен од Велес, на овие два вакцинални пункта, вакцина примат и лица од соседните општини Градско, Чашка и Лозово.

Во Здравствен дом, во периодот од 31-и март до 20-ти април, за 15 работни дена, беа вакцинирани 824 лица, над 75 годишна возраст со „Астра Зенека“. Досега во велешко, вакцинирани на овие две локации се околу 6,7 илјади лица, 5,3 илјади во пунктот за масовна вакцинација и 1,4 илјади во Уред.

Сѐ додека се пуштаат вторите дози од овие вакцини, нема да се вакцинираат лица со прва доза.

Петар Печков