Се може ли?!
Се отвора ново репрезентативно поглавје, на тема женски ракомет. Се почнува реконструкцијата безмалку комплетна, со потпора од неколкуте искусни во ликот на капитенот, Мечевска, како и Елена Георгиевска, Илкова и Младеновска.

Стратегијата која почна да се готви уште од турнирите во Србија преку Тунис, до 5 дневните коплетни техничко-тактички подготвки од понеделникот наваму, треба условно да кулминира со Русија.
”Во од, сакаме да направиме резултат, сакаме да се квалификуваме, ќе направиме се за да се квалификуваме, а што ќе направиме ќе видиме во овие два натпревари со руската репрезентација.“ –вели селкторот на нашиот тим Ристо Магдинчев.
Елена Ѓеорѓиевска ќе додаде..„Ќе дадеме се од себе да им дадеме поголем мотив на помладите играчи, за тие да ни помогнат на нас и да направиме успех што сите го сакаме. Се надевам на добар резултат, ако не победа, барем реми.”
Се врати на чело на рускиот тим синонимот на женскиот тамошен ракомет, Трефилов. Убеден е искусниот стратег дека нема да им се повтори елиминациската планетарна епизода.
Нашите пак, знаат од каде и како против исто така подмладениот руски тим...”Руската репрезентација речиси 80 насто од головите ги дава од контри и полуконтри, значи тоа е нивното главно оружје. Нашата прва задача на која и работевме е да ги спречиме во тоа, во напад да не трошиме топки, да играме паметно, затоа што нападот го губи натпреварот. Одбраната ние ќе ја издржиме„-дециден е Магдинчев.
Слабата страна ни е голманската по повредата на Наумовска, а за Ростов вечерва не патуваат Белевска и Величковска.
Среда е денот за првата Евро квалификациска пресметка, Русија-Македонија.
