Битола

Почнува Интернационалниот фестивал на монодрамата

22.06.2021 12:11

Во Битола започнува 22-то издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата. Годинава поради пандемијата доминираат македонски монодрами. На петте фестивалски вечери на четири локации од кои најголем број ќе се на отворено, ќе се одиграат десет македонски монодрами...

Престижните културни настани полека се враќаат на битолските сцени. Вечерва се подига завесата за 22-риот Интернационален фестивал на монодрамата. На отварањето претставата „Пет часа со Марио“ во режија и драматизација на Дејан Пројковски, а на сцената настапува акерката Билјана Драгичевич- Пројковска. На петте фестивалски вечери на четири различни локации ќе се одиграат десет монодрами во официјална конкуренција. Селекторот на фестивалот вели дека се работи за познати режисерски и актерски имиња, кои сѐ повеќе посегнуваат по жанрот кој е најтежок во татарскиот живот.

Заради пандемските протоколи, формата годинава е со домашни монодрами, а предзнакот останува Интернационален. Во знак на пандемиската симболика и мотото на фестивалот е „Зад затворени врати“, велат организаторите.

Тричлената жири- комисија ќе одлучува за најдобриот актер и режија и кој ќе ја понесе гран- при наградата. Во нивна чест, на затворањето на фестивалот претставата „Луди за љубов“, во режија на Јован Ристовски, авторски проект на Хари Михајловски.

Стевче Митревски