Директна продажба од мали фарми
Маркетите и локалните малопродажни објекти, можат да продаваат месо и млеко и нивни преработки, јајца, риби и мед кои ги набавиле директно од малите фармери. На овој начин се олеснува продажбата на производството на сточарите, а ќе се зголеми и понудата на традиционално произведената храна.

Со новиот правилник ,индивидуалните производители, месото и месните преработки кои ќе ги продаваат на пазарот треба да потекнувата од фарма која е регистрирано од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.
На фармата ќе се колат животни само од сопствено производство, а месото ќе се продава на крајниот пртрошувач на лице место и за сопствена локална туристичка понуда. Бројот на животни кои може да се заколат во објектот изнесува 4 говеда неделно, 6 телиња, 6 свињи, 10 прасиња, 5 овци, 10 јагниња, 20 зајаци и 5 ноеви.
Фармерот во сопствениот објект за преработки од месо, ќе може да произведува најмногу до 4.000 килограми сувомеснати производи неделно.
Со новиот правилник се предвидува и користење на мобилни кланици кои треба да бидат одобрени од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Тие може да се движат од една до друга локација, фарма или ловиште со претходно известување каде ќе се врши колењето или обработката на дивечот.
Методија Трајков
