Високо образование

Наставните програми за студентите по мерка на бизнис- секторот

22.06.2021 12:40

Бизнис- заедницата и академската фела од Битолскиот универзитет во соработка за креирање наставни програми на факултетите. Државата најави дека годинава ќе бидат обезбедени 44 милиони евра како поддршка за инвестиции во човечкиот капитал...

За создавањето подобра соработка меѓу студентите и бизнис заедницата, стопанството се вклучува во наставните програми, со што студентите би се стекнале со потребна стручност и компетентност. Со ова, се унапредува работниот процес на компаниите, смета високобразовната заедница.

Бизнис- секторот сака да биде коректив, меѓутоа и да ги следи процесите коишто се случуваат во образованието, велат во Стопанската комора.

Владата го препознава човечкиот капитал како приоритет со што издвојува значајни средства за инвестиции, вели заменик- министерот за финансии, Димитар Ковачевски.

Со предложениот ребаланс на буџет се издвојуваат 2,7 милијарди денари за инвестиции во човечки капитал, за образование, здравство и социјална заштита.

Ана Јосифоска- Тодоровска