Решена е мистеријата за малезискиот боинг
Откриена е судбината на исчезнатиот малезиски боинг – завршил трагично во водите на Јужниот Индиски Океан.

Не преживеал ниеден од 239 патници и членови на екипажот. Веста ја соопшти премиерот на Малезија, на петтиот ден од меѓународната потрагата во Индискиот океан.
„Со голема тага и жалење, морам да ви соопштам дека, според новите податоци, летот МХ-360 завршил во Јужниот Индиски Океан“, соопшти Наџиб Разак, премиер на Малезија.
Малезискиот премиер на итен брифинг со новинарите им најави на семејствата на патниците дека сите детали ќе бидат соопштени утре. За сега, од анализата на сателитските снимки на британскиот огранок за истрага на воздухопловни несреќи, дојдено е до заклучок дека боингот се урнал на 8 март, истиот ден кога полета, а се движел низ јужниот коридор. Тоа му била последната позиција среде океанот западно од Перт, далеку од предвидената патека.
„Локацијата е доста оддалечена, далеку од какво било место за слетување“, додаде Разак.
Како што јавуваат светските медиуми, на семејствата на патниците им биле испратени пораки дека мора да се претпостави надвор од секакво сомневање дека боингот паднал и нема преживеани.
Ивана Салтировска
