Намален интензитет на имунизација во Тетово
За два пати е намален интензитетот на масовната иминузација во регионалиот пункт во Тетово. Здравствените работници апалираат вакцинацијата да се забрза во летниот период со цел стекнување на колективен имунитет, пред да настапи некој нов бран на коронавирусот...

Имунизацијата во спортската сала на медицинското училиште каде се вакцинираат граѓаните од Полошко е отворано само осум часа, согласно дозите кои се испраќаат. На дневна основа се трошат околу 400, за разлика од стартот на овој процес, каде се инјектираа и над 1.300 вакцини.
Намалените дози на вакцини ги оставија граѓаните на листа на чекање. Тие кои денеска добија термин, сметаат дека процесот е бавен и неопходно е што побрзо да се набават поголеми количини на дози, со оглед на интересот за имунизација.
Здравствените работници се надеваат дека летово ќе имаме некој минимум колективен имунитет, во спротивно, со оглед на досегашното искуство, во ризик го ставаме и здравјето и животите од некој нов бран.
Досега во регионалниот пункт во Тетово се вакцинирани 13.700 граѓани, а ревакцинирани 9.500. Моментално имунизацијата се врши со вакцината „Синовак“.
Зоран Димовски
