Пендаровски: Португалскиот предлог е добра основа за решение
Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на панел дискусија на тема „Триесет години независност и евро-атлантските перспективи на Република Северна Македонија“, во организација на невладината организација Еуропроспера...

Португалскиот предлог е добра основа за решение, бидејќи е можност и двете страни со унилатерални декларации да го објаснат своето толкување на историските процеси и етногенезата и развојот на јазикот, оцени претседателот Пендаровски.
Според шефот на државава, треба да ги оставиме историските прашања зад нас, бидејќи тие не можат да бидат критериум за пристапување на земјата во ЕУ. Доколку соседна Бугарија не се согласи со овој принцип, ние ушто долго ќе тапкаме во место, дополни Пендаровски.
Охридскиот рамковен договор е значаен за мирот и стабилноста на регионот. Постави темели за хармонизација на меѓуетничките односи, предуслов за градење на општество на рамноправни основи, став заменик- министерот за политички систем, Илхан Рахман.
На дебатата се говореше и за трите децении независност кои ги прославуваме во септември, а на кои претходеа значајни настани, почнувајќи од референдумот за самостојна држава.
Игор Панов
