Шпанија

Санчез најави помилување на каталонските лидери

22.06.2021 13:15

Санчез најави дека неговата влада ќе ги помилува деветтемина затворени лидери на неуспешниот обид за независност на Каталонија во 2017 година.

Како прв чекор кон ставање крај на политичкиот конфликт, шпанскиот премиер Педро Санчез најави дека неговата влада ќе ги помилува деветтемина затворени лидери на неуспешниот обид за независност на Каталонија во 2017 година.

Според анкетите, околу 60 насто од Шпанците се против ослободување на политичарите кои беа осудени за нивната улога во организирањето референдум за независност и краткотрајно прогласување на независност на Каталонија.