ООН

Над 8.500 деца биле користени како војници во 2020 година во светот

22.06.2021 14:07

Според годишниот извештај на генералниот секретар на ОН Гутереш извршено е насилство врз над 19 илјади деца во 21 вооружен конфликт.

Над 8. 500 деца биле користени како војници во разни конфликти ширум светот во 2020 година, а речиси 2.700 биле убиени.

Според годишниот извештај на генералниот секретар на ОН Гутереш извршено е насилство врз над 19 илјади деца во 21 вооружен конфликт.

Најголем број насилства имало во Сомалија, Демократска Република Конго, Авганистан, Сирија и Јемен.