13 нови случаи со Ковид-19
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.640, бројката на оздравени пациенти е 149.908, на починати е 5.477, а бројот на активни случаи изнесува 255.

Во последните 24 часа се направени 2.952 тестирања, а регистрирани се 13 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје и Тетово – по 3, Охрид и Кичево – по 2, Куманово, Прилеп и Струмица – по 1. Регистрирани се 31 оздравен пациент од: Скопје – 14, Кичево – 4, Прилеп – 3, Куманово, Битола и Кочани – по 2, Тетово, Гостивар, Крива Паланка и Кратово – по 1. Не се регистрирани нови починати лица.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.640, бројката на оздравени пациенти е 149.908, на починати е 5.477, а бројот на активни случаи изнесува 255.
Досега во земјата се направени вкупно 859.226 тестирања на Ковид-19.
